Гејтс еднаш годишно поминувал викенд со поранешната девојка, Мелинда го одобрувала тоа!

Фото: ЕПА

Откако Бил Гејтс објави дека се разведува од сопругата Мелинда по 27 години брак, неговиот приватен живот се најде во центарот на вниманието на јавноста, а посебно внимание привлече интервјуто на Гејтс од 1997 година, во кое тој откри дека еднаш годишно поминува еден викенд со поранешната девојка Ен Винблад.

Гејтс секоја пролет поминувал неколку дена со Ен во нејзината куќа во Оутер Бенкс, каде уживале во прошетките на плажата и во дружењето. Тоа го одобрувала неговата сега веќе поранешна сопруга Мелинда, изјави тој за „Тајмс“ во 1997 година. „Можам да се зафркавам со неа, додека во исто време зборуваме за биотехнологија“, изјави тогаш Гејтс.

Тој и Ен раскинале во 1987 година, по тригодишна врска, делумно затоа што Ен, која е пет години постара, тогаш била подготвена за брак, додека Гејтс, како што откри, тогаш не бил. „Кога решив да се оженам за Мелинда, ја повикав Ен и ја прашав за благослов“, изјави тој за „Тајмс“.

„Таа рече дека Мелинда ќе ми одговара затоа што има интелектуална издржливост“, додаде тој.

Ен, која сега има 70 години, во меѓувреме се омажила за Едвард Алекс Клајн, а куќата во која редовно престојувале таа и Гејтс сега е достапна за изнајмување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот