Францускиот „Л`Екип“: Ѓоковиќ е најдобриот спортист на светот во 2021 година

Новак Ѓоковиќ во 2021 година освои три грен слем турнири, играше финале на „УС Опен“/Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Францускиот весник „Л`Екип“ го прогласи првиот светски рекет за најдобар спортист на светот во 2021 година.

Новак Ѓоковиќ освои трофеи на три грен слем турнири, „Австралија опен“, „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“.

Српскиот тенисер играше и финале на „УС Опен“, каде што ја пропушти шансата да дојде до календарскиот грен слем и рекордна 21 грен слем титула во кариерата.

Зад Ноле на второто место се најде американскиот пливач Кејлеб Дресел кој се закити со пет златни медали на Олимписките игри во Токио.

А третопласиран во изборот на престижнио француски весник е Словенецот Тадеј Погачар, победникот на велосипедскиот „Тур де Франс“.

Најдобра спортистка на светот е атлетичарката од Јамајка, Елен Томпсон-Хера која на Игрите во Токио освои три златни медали во спринтерските дисциплини 100 метри, 200 метри и штафета 4×100 метри.

Ѓоковиќ е спортист на годината во Европа

Се поизвесно е дека Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на Австралија Опен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот