Се поизвесно е дека Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ е актуелен шампиоин на Австралија Опен/ фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

По големиот број на вести и информации околу играњето или неиграњето на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен, последните вести дека првиот тенисер на АТП ранг-листата сепак ќе настапи на гран слем турнирот во Мелбурн.

Иако сè уште нема никаква официјална потврда, ПР тимот најави дека „работите одат во добра насока“.
– Постојат информации кои сè уште не се официјални, но работите одат во добра насока. Но, дали така и ќе остане, односно дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи во Австралија, се уште немаме потврда – порачаа од ПР тимот на српскиот тенисер за Спортклуб.

На Австралија Опен можа да играат само вакцинирани тенисери и тенисерки или тие кои ќе побараат медицински исклучок. Неодамна беше објавено дека се вакцинирани 95 од првите 100 тенисери на АТП ранг листата.
Австралија Опен треба да се игра од 17 до 20 јануари, а Новак Ѓоковиќ е бранител на трофејот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот