Ѓоковиќ е спортист на годината во Европа

Новак Ѓоковиќ има девет титули на Австралија Опен / фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Првиот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќе избран за најдобар спортист во Европа за 2021 година во изборот кој го направија 64 новински агенции.

Изборот традиционално го организира Полската национална новинска агенција (ПАП), а Ѓоковиќ кој годинава триумфира на три грен слем турнири, победи со освоени 172 гласа. Ова е четврто признание во кариерата за Ѓоковиќ, откако претходно победи и во 2011, 2015 и 2018 година.


Второто место му припадна на минатогодинешниот фудбалер на Баерн Минхен и на полската репрезентација, Роберт Левандовски кој освои 133 поени, додека како трет заврши новиот Формула 1 шампион, Макс Ферстапен кој доби 125 поени.

Во топ 10 во изборот на европските новински агенции се најдоа уште и норвешкиот атлетичар Карстен Вархолм (112 поени), холандската атлетичарка Сифан Хасан (94), словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар (79), грчкиот кошаркар Јанис Адетокумпо (55), италијанскиот спринтер Марсел Ламонт Џејкобс (51), шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис (29) и норвешката нордијка Тереза Јохауг (28).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот