Синди Свини - Еуфорија - Фото: Принтксрин/Јутјуб

ВИДЕО | Сидни Свини ги „излуде“ фановите со најновите 18+ сцени: Тие со нетрпение ја очекуваат новата сезона на „Еуфорија“

Објавен е долгоочекуваниот трејлер за третата и последна сезона од популарната серија „Еуфорија“ (Euphoria). Според првите кадри, гледачите ги очекуваат највозбудливи епизоди досега, но, и покрај сè, едно нешто веднаш го привлече вниманието, сцените со Сидни Свини.

Фокусот повторно е на актерката, односно на ликот што таа го толкува – Кеси, а која поминува низ голема и прилично драматична промена.

Во трејлерот за новата сезона, Кеси се појавува облечена како плејбој зајаче и провокативно позира пред камерата. Брзо се проширија гласини дека во новата сезона таа ќе заработува пари како креаторка на содржини за возрасни на платформата ОнлиФанс, пренесува Ти-ем-зи.

Ситуацијата дополнително се комплицира кога нејзиниот свршеник Нејт, кого го игра Џејкоб Елорди, ја затекнува среде снимање и покажува дека тоа воопшто не му се допаѓа.

„Само креирав содржина“, му вели Кеси.

Фото: Скриншот/Јутјуб

Повеќе интимни сцени, во кои таа позира за ОнлиФанс, веднаш станаа хит и предизвикаа бурни реакции.

Сцените го „запалија“ интернетот

Овие кадри експресно ги преплавија социјалните мрежи и предизвикаа лавина коментари. Дел од публиката ја критикува Свини, тврдејќи дека повторно се појавува во улога што вклучува разголување.

„Дали таа може нешто да направи, а да не се соблече?“, напиша еден корисник на Икс.

Други ја бранеа или едноставно се шегуваа.

„Ги знае своите предности“, коментираше еден, додека друг додаде: „Ќе блесне во таа улога“.

Имаше и такви кои отворено признаа дека ќе ја гледаат серијата поради неа.

„Одеднаш ми се допаѓа ‘Еуфорија’“, се пошегува еден коментатор, додека друг напиша: „Гледам само поради ова“.

Што носи последната сезона?

Дејството на третата сезона се префрла пет години нанапред и ја следи Ру, ликот на Зендаја, додека се обидува да се среди по сè што ѝ се случило и повторно да го стави животот на вистинскиот пат. Трејлерот го потврдува и враќањето на останатите ликови, меѓу кои Џулс, Лекси и Меди.

Последната сезона на серијата на Сем Левинсон пристигнува на Ејџ-би-о на 12 април.

Успешна година за Сидни Свини

За Свини (28) ова веќе е одлична година, со неколку филмски проекти кои наскоро доаѓаат. Меѓу нив се боксерскиот биографски филм „Кристи“ (Christy), се спомнува и можна улога во продолжението „Ѓаволот носи Прада 2“ (The Devil Wears Prada 2), како и продолжението на филмот „Куќната помошничка“ (The Housemaid) со наслов „Тајната на куќната помошничка“ (The Housemaid’s Secret).

Во едно недамнешно интервју, таа зборуваше и за своите стравови поврзани со кариерата.

„Има многу работи што ме плашат, но тоа не ме запира. Обично, кога нешто ме плаши, јас токму тоа го правам. Се плашам од височини, но скокнав со падобран. Врескав цело време, но потоа сакав повторно да го направам тоа“, изјавила актерката.

Непримерно или смешно? Коментарот на Илон Маск за градите на Сидни Свини ги шокираше сите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот