Непримерно или смешно? Коментарот на Илон Маск за градите на Сидни Свини ги шокираше сите
Илон Маск повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат поради коментар поврзан со изгледот на холивудската актерка Сидни Свини. Сопственикот на „Тесла“ и „Икс“ се огласи по повод нејзиното појавување на премиера на нов филм, што предизвика лавина реакции и поделени мислења на социјалните мрежи, пренесува „Унилад“ (Unilad).
Препорачано
Сè започна кога списанието „Варајати“ на „Икс“ објави видео од Свини од премиерата на филмот „The Housemaid“ во Лос Анџелес, одржана во понеделникот. Актерката, која важи за едно од најголемите имиња во Холивуд, се појави во елегантен бел фустан и доби бројни пофалби од обожавателите.
Сепак, вниманието на Маск го привлече еден конкретен детаљ. Наместо класичен комплимент, тој одговори со мим генериран од вештачка интелигенција, на кој е прикажана жена со изразено големи гради. На мимот стоеше текстот „how it looks“ (како изгледа), а во вториот дел – прикажана преоптоварен ‘рбетен столб со натпис „how it feels“ (како се чувствува). Маск ја заокружи објавата со краткиот коментар: „can’t be easy“ („не може да е лесно“).
Со оваа објава, Маск очигледно алудираше на болките во грбот со кои често се соочуваат жените со големи гради. Сепак, многумина го оценија коментарот како непримерен, особено имајќи предвид дека доаѓа од најбогатиот човек на светот и е насочен кон млада актерка.
Реакциите не изостанаа.
„Немаш ли ракета за градење или нешто поважно?“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Таа е 30 години помлада од тебе. Чудно.“ Трет коментар гласеше: „Зошто имам чувство дека Илон заборавил дека пишува од својот главен профил?“
Сепак, не сите го сметаа коментарот за проблематичен. Некои го бранеа како шега, додека други кориснички споделија лични искуства.
„Болката е реална, особено ако немаш силни мускули на трупот за поддршка. Најди градник што е и убав и удобен – тоа е вистински кошмар“, напиша една корисничка. Друга дури му упати необична молба: „Илон, можеш ли да дизајнираш удобен потпорен градник за нас девојките со големи гради?“


