Каролина Гочева / Фото: Инстаграм/„Блиц“

ФОТО+ВИДЕО | Каролина на гости кај Цеца, еве со што ја воодушеви

Каролина Гочева изненади пеејќи песна од Светлана Цеца Ражнатовиќ додека гостуваше кај неа во Белград.

Поп-ѕвездата на својата инстаграм-приказна ја објави најавата од гостувањето во „Цеца шоу“, а видеото го објави и телевизија Блиц. На снимката, Каролина ја пее песната на Цеца „Горе од љубави“.

„Вечерва ѝ ја посветувам оваа емисија на Македонија“, рече Цеца во најавата.

На видеото може да се види дека гостите пеат македонски народни и поп-песни. Освен Каролина, гости во емисијата се и Иван Милески, Мики Секуловски, Никола Станишиќ и деветгодишниот Богдан Обрадовиќ, кој е европски боречки шампион.

Каролина Гочева / Фото: Инстаграм/„Блиц“

Песната „Горе од љубави“ Каролина ја пее на крајот од видеото, а се гледа и воодушевувањето на Цеца додека ја слуша.

Инаку, 17 години по своето објавување, песната „Крај“ на Каролина Гочева повторно доживува силен подем и станува вирална меѓу балканските креатори на содржина на платформата ТикТок, каде сѐ почесто се користи како музичка подлога за различни видеа. Некогашниот хит од 2009 година очигледно добива нов живот кај помладата публика, но и кај оние што со неа пораснале.

По тој повод, таа сподели видео на кое ја изведува „Крај“ на пијано, во интимна, домашна атмосфера, и им се заблагодари на сите што повторно ја актуелизираа песната. Таа откри дека во последно време „Крај“ сѐ погласно се пее и на нејзините концерти, а често добива и видеа и ремикси инспирирани од песната. Песната „Крај“ во српска верзија таа ја испеа и во „Цеца шоу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот