Акилас - грчкиот претставник за Евровизија/Јелена Томашевиќ/Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб/ЕПТ/А.Е.

ФОТО+ВИДЕО | Грција избра претставник за Евровизија: Јелена Томашевиќ беше член на жирито

На 70-от натпревар Песна за Евровизија, што ќе се одржи во Виена во мај, Грција ќе ја претставува пејачот Акилас со песната „Ferto“, а член на жирито била и српската пејачка Јелена Томашевиќ.

Акилас – претставникот на Грција на Евровизија/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Акилас победил на долгоочекуваниот грчки национален натпревар „Етникос Теликос 2026“, и со тоа се квалификувал за учество на Евровизија во Виена, од 12 до 16 мај.

Големото финале на „Етникос Теликос 2026“, одржано на 15 февруари, го воделе популарното трио Јоргос Капуцидис, Бети Магира и Катерина Врана. Во борбата за престижниот билет за Виена, учествувале 14 изведувачи, кои своето место го обезбедиле преку две полуфиналиња што се одржале минатата недела.

Победникот бил избран со комбинација од гласовите на стручното жири (25 отсто), меѓународното жири (25 отсто) и публиката, чии гласови носеле 50 отсто од вкупниот резултат.

Победничката песна „Ferto“, изведена од Акилас, освоила најмногу поени во сите три категории и со тоа, убедливо, му обезбедила патување во Австрија.

Акилас во моментот е трет на ранг-листата на Евровизија, веднаш зад Финска и Израел.

 

Кој е Акилас?

Млад и динамичен уметник со автентичен звук и силно сценско присуство, Акилас станал познат на пошироката јавност во 2024 година благодарение на својот хит „Atelié“, објави официјалната веб-страница на Евровизија.

Овој самоук музичар од Сер го посетувал Музичкото училиште во својот роден град и дополнително ги усовршил своите изведувачки вештини преку театарски работилници. Откако се преселил во Атина, почнал да се истакнува на социјалните мрежи благодарение на своите вирални преработки на песни на Тикток.

Која била улогата на Јелена Томашевиќ?

Пејачката Јелена Томашевиќ и претставничка на Србија на Евровизија 2009 година, годинава имала важна задача.

Таа била член на жирито и тоа на изборот за претставник на Грција.

Јелена седела во жири комисијата, и штом завршил натпреварот и бил избран претставникот, таа се огласила:

– Имав чест вечерва да бидам во меѓународното жири за грчкиот претставник на Евровизија. Прекрасно си поминав и му посакувам среќа на победникот Акилас на големата Евровизија – напишала Јелена Томашевиќ.

Јелена Томашевиќ како членка на жирито на грчкиот избор за Евровизија/Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

Одлуката е донесена: Израел ќе учествува на Евровизија 2026 година

ФОТО+ВИДЕО | „ЛЕЛЕК“ победи на „Дора“, Хрватска испраќа етнозвук на Евровизија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот