ФОТО+ВИДЕО | Бела Хадид во љубов со згоден каубој: Двојката забележана среде разменување нежности

Фото: Инстаграм/Бела Хадид/Адан Бануелос

Манекенката Бела Хадид (27) има ново момче, четири месеци откако ја раскина двегодишната врска со дизајнерот Марк Калман (35). Како што пишуваа естрадните медиуми во тој период, тие двајца „многу се сакале“, но врската им ослабнала со текот на времето.  Затоа решиле да се разделат и да останат во пријателски односи.

Таблоидниот „Ти-ем-зи“ сега објави видеоснимка, на која Хадид се бакнува со Адан Бануелос (34), познат јавач, каубој и тренер за јавање. Новата двојка била снимена на прошетка во Форт Ворт, Тексас, каде попатно си разменувале нежности – манекенката страсно го прегрнала јавачот, во еден момент бакнувајќи го неговиот врат и галејќи го по стомакот.

Бануелос e победник на бројни натпревари, на кои освоил повеќе од пет милиони долари парична награда. Тој е најмладиот јавач што влезе во Куќата на славните на американската „National Cutting Horse“ асоцијација.

Иако на прв поглед овој спој делува чудно, Хадид негува голема љубов за коњите и коњичките спортови. Со јавањето како спорт се занимавала уште од детството, а бидејќи беше успешен јавач, се надеваше дека ќе настапи на Олимписките игри во 2016 година. Меѓутоа, таа мораше да се откаже од овој спорт поради постојаните проблеми предизвикани од Лајмската болест, која ја доби во 2012 година.

Фото: Инстаграм/Бела Хадид

„Мораше да се откаже од својот сон за професионална кариера во јавањето и Олимписките игри поради сериозни симптоми кои ја спречија да јава.

Тоа беше еден од најтажните моменти во нејзиниот живот, нејзиното срце беше скршено и секогаш ќе биде една од чувствителните теми за неа.

Таа е многу упорна и се фокусираше на други работи во животот, успевајќи да изгради име за себе во модната индустрија, иако сè уште се бори со симптомите на Лајмската болест“, “, напиша нејзината мајка Јоланда Хадид на својот блог во 2016 година.

Иако Бела беше принудена да се откаже од професионалниот спорт, таа продолжи да јава рекреативно, а понекогаш ги покажува своите вештини на социјалните медиуми. Веројатно, така го запознала згодниот каубој.

ФОТО+ВИДЕО | Најубавата жена на светот: Пет месеци сум трезна, порано не можев да се контролирам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот