ФОТО | „15 години невидливо страдање“: Бела Хадид проговори за болната битка со Лајмската болест

Фото: Инстаграм/Бела Хадид

Со објава на Инстаграм, манекенката Бела Хадид проговори за „болната“ битка со Лајмската болест, инфекција предизвикана од бактеријата „Borrelia burgdorferi“, која се пренесува со каснување на заразен крлеж.

Таа, исто така, им се заблагодари на сите оние што ѝ биле поддршка низ годините.

„Малечката јас, која патеше, би била многу горда на возрасната јас за тоа дека никогаш не се откажав од себеси“, пишува Хадид на почетокот од нејзината долга објава.

Фото: Инстаграм/Бела Хадид

Во продолжение, таа ѝ се заблагодари на мајка ѝ Јоланда Хадид, бидејќи ја сочувала цела нејзината медицинска документација, дека секогаш била покрај неа и дека верувала во неа дека ќе ја надмине ситуацијата.

Манекенката објасни и дека, откако дознала за болеста, нејзината состојба само се влошувала со текот на времето и дека симптомите „зеле данок на начини што таа не може да ги објасни“.

„Да се биде толку тажна и болна со толку благослови, привилегии, можности и љубов околу мене беше, веројатно, најзбунувачката работа досега“, напиша таа, потенцирајќи дека сега е добро и дека нејзините обожаватели не треба да се грижат за неа.

Бела Хадид
Фото: Инстаграм/Бела Хадид

И покрај исцрпувачката болест и болните третмани, манекенката истакна дека „ништо не би променила“ и дека „повторно би поминала низ сето тоа“ бидејќи, на крајот, тоа ја направило она што е денес.

Исто така, Хадид додаде дека тие „речиси 15 години невидливо страдање се исплателе“, бидејќи имала можност да шири љубов и за првпат во нејзиниот живот да биде она што е.

„Се обидов да ги изберам најпозитивните фотографии што можев да ги најдам, бидејќи колку и да беше болно ова искуство, исходот беше најпросветлното искуство во мојот живот, исполнето со нови пријатели, нови визии и нов мозок“, објасни таа и им се заблагодари на сите кои биле со неа на тој пат.

Фото: Инстаграм/Бела Хадид

„Ќе се вратам кога ќе бидам подготвена“, напиша Бела Хадид на Инстаграм.

Како потсетување, манекенката во јули годинава откри дека ќе земе слободни денови поради влошување на здравствената состојба, предизвикано од Лајмска болест. Поради болеста, таа беше принудена да оди на секојдневни третмани во последните четири месеци.

Фото: Инстаграм/Бела Хадид

Бела Хадид е најубавата жена на светот и тврди дека не била „под нож“: Старите фотографии кажуваат друго (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот