ФОТО | За новата улога Шон Пен изгледа непрепознатливо: Невидена трансформација на дело

Шон Пен/Профимедиа
SplashNews.com / Splash / Profimedia

Холивудскиот актер Шон Пен во најновата улога во серијатa „Gaslit“ е целосно променет и непрепознатлив!

Во серијата чија приказна ја следи аферата „Вотергејт“, Пен го глуми Џон Мичел, пријател и адвокат на американскиот претседател Ричард Никсон, рамо до рамо со Џулија Робертс.

Шон Пен/Џулија Робертс/Профимедиа
SplashNews.com / Splash / Profimedia

Поради улогата, Шон Пен драстично го променил изгледот и ретко кој може да препознае за кој актер воопшто станува збор. Пен секогаш максимално им се посветува на улогите, а откако беше објавен тизер за „Gaslit“, многумина со нетрпение ја очекуваат серијата, особено поради Џулија Робертс.

„Со оваа изведба би можела да освои Еми“, „Џулија никогаш не разочарува“, „Ова изгледа одлично“, се дел од коментарите на фановите.

Робертс во серијата ја толкува сопругата на Мичел, Марта Мичел, неочекуван „свиркач“ кој за првпат ја споменал поврзаноста на Никсон со „Вотергејт“.

Џулија Робертс/Профимедиа
Credit line: STARZ / Planet / Profimedia

Серијата се снимаше минатата година во посебни услови поради пандемијата, а Шон Пен во една прилика изјави дека нема да се појавува на сетот доколку секој член од екипата не е вакциниран.

Главен продуцент на серијата е Сем Есмаил.

Видео на денот