ФОТО | Тридневна венчавка со 600 гости: Марија Груевска во корсет од кристали и школки го изговори судбоносното „да“

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Најекстравагантната учесничка на последната сезона на српското шоу „Ѕвездите на Гранд“, битолчанката Марија Груевска викендов го изговори судбоносното „да“ на својот долгогодишен избраник, фитнес-тренерот Синиша Стојаноски.

Очекувано од неа, венчавката е велелепна, па прославата ќе трае дури три дена со повеќе од 600 гости.

– Свадбата ќе се одржи на средината на август на отворено во манастир во Битола и ќе биде многу убаво, свечено и на ниво – рекла Марија неодамна за српскиот портал „Гранд онлајн“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

За најсреќниот ден, невестата Марија одбрала венчаница како од бајките – со корсет од школки и кристали, а целиот изглед го надополнила со сандали со светки. Додека, пак, младоженецот носел светло син костум.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Марија и Синиша испочитувале и одредени обичаи, а идната невеста почнала со главниот – моминската вечер.

Пејачката во друштво на најблиските пријателки излегла во еден популарен клуб каде што поминала време до раните утрински часови, а целото женско друштво било многу весело како што и доликува.

Во текот на повеќедневната свадба, според фотографиите може да се видат кои други македонски обичаи ги испочитувале – бричење на зетот, одење по невеста…

Инаку, Марија и Синиша се свршија пред четири месеци, а викендов својата љубов ја крунисаа со брак.

Марија Груевска го привлече вниманието кон себе со своите необични изведби во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, од кои највпечатлив беше кога на сцената се појави со змија околу вратот.

Марија со причина ја носеше титулата – најестравагантна учесничка.

ВИДЕО: Марија од Битола со досега невиден настап – по змијата, на сцена излезе во лудачка кошула

ВИДЕО: Марија од Битола со досега невиден настап – по змијата, на сцена излезе во лудачка кошула

ФОТО | Марија Груевска: Паниката која минатата недела се создаде на „Ѕвездите на Гранд“ има цена – 150 евра!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот