ВИДЕО: Марија од Битола со досега невиден настап – по змијата, на сцена излезе во лудачка кошула

фото:принтскрин

Македонската учесничката во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Марија Груевска (23) привлекува големо внимание со своите настапи и со причина ја носи титулата најестравагантна учесничка.

Со смели комбинации и до детаљ осмислени настапи, Марија од Битола не престанува да ги изненадува гледачите и жирито. Претходно ги шокираше сите кога на сцената се појави со змија, а со последниот настап ги надмина сите очекувања откако се појави со сценски перформанс за песната „Данас сам луда“. Имено таа беше облечена во лудачка кошула, врзана и на сцена ја изнесоа двајца помошници од продукцијата, кои потоа ѝ помогнаа да „замине“ од сцената.

Груевска, начинот на кој размислуваш е фасцинантен. Твоите пејачки интервали се толку точни, одлично го изведе ова – ѝ рече Ѓорѓе Давид.

Ти си иднината на Ѕвездите на Гранд, ти благодарам на новата димензија на ова шоу – истакна Мили.

Останатите членови на жирито истакнаа дека таа секогаш предизвикува силна реакција со своите настапи што е многу важно, поважно и од тоа дали ќе биде сфатена нејзината порака или изведба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот