ФОТО | Марија Груевска: Паниката која минатата недела се создаде на „Ѕвездите на Гранд“ има цена – 150 евра!

Фото: Инстаграм

Изминативе години, популарниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“ се докажа како шоу во кое буквално сѐ е возможно, а кандидатите кои се натпреваруваат, се трудат да имаат што по впечатлив настап, како би се издвоиле од другите, но исто така и да останат запаметени.


Кандидатката на која се чини кариерата ѝ оди од рака, од круг во круг, дефинитивно е нашата Марија Груевска, која во последната емисија се појави со голем албино питон, кој чини ни помалку ни повеќе туку 150 евра, изнајмување за еден ден.

„Најважно што треба да го имаш за ова натпреварување, а и за сѐ во овој естраден свет, барем според мене, е да бидеш професионалец во секоја смисла и да си дел од еден одличен тим, во кој секој си го знае својот занает. Плативме 150 евра за изнајмување на змијата. За реализација на сѐ досега, дел од финансиите се од наши добри другари, кои засега ќе останат анонимни, a ќе ги посочиме кога ќе дојде време, затоа што без нив, тешко ќе се реализираше сѐ”, ни изјави Марија.

Имајќи предвид каков страв надмина кога излезе на сцена со змија околу половината, Груевска и нејзиниот тим докажаа дека се спремни да направат сѐ, за сцената и шоу бизнисот.

„Од самиот почеток имаме концепт. Првично мислевме круг, два… Но кога видовме дека публиката, пред сѐ продукцијата, е „гладна“ за нешто ново и различно, го надоградивме концептот и искрено имаме план за до самиот крај, без разлика кога ќе завршиме со ова натпреварување”, искрена е Груевска.

Нејзините настапи дефинитивно ќе останат запаметени, како кај публиката, така и кај жирито. Но, колку таа е задоволна и дали веруваше во сето ова?

„Искрено не очекував. Идејата беше да се излезе еднаш или два пати, за да се излезе од границите на македонската сцена и да се види дали ние како тим можеме нешто повеќе. Како што одминуваше времето, секој следен круг ни беше предизвик и максимално се посветувавме. Резултатот за сега е на наше огромно задоволство. Посебноста на секој настап е исклучиво резултат на целосната посветеност на секој член од тимот. Немаме суети. Тука е мислам „тајната“ на сето овa“, ни рече Груевска.

Наредниот настап веќе е спремен, повторно со нешто поразлично од сѐ што имаме видено до сега. Што е тоа, останува да видиме во следното издание на „Ѕвездите на Гранд“…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот