ФОТО | Софија Вергара: Како изгледа да се биде самохрана мајка на 19 години?

Фото: Профимедиа

Актерката Софија Вергара создаде успешна актерска кариера и покрај тоа што стана мајка на 19 години. Сепак, таа сѐ уште се сеќава колку морала да се жртвува за сето тоа да ѝ успее.

Софија Вергара била омажена за Џо Гонзалес од 1991 до 1993 година и со него, кога имала само 19 години, го добила првиот син, Маноло. Таа се развела од Гонзалес и останала самохрана мајка.

„Бев навистина млада кога се разведов од неговиот татко, па го одгледав обидувајќи се да му го дадам најдобриот пример и да му го овозможам најдоброто нешто. Кога луѓето ми даваат комплименти за него, кога зборуваат колку убаво е воспитан, колку е шармантен, забавен и знае да се однесува, во себе си помислувам дека сите жртви се исплатеа“, изјави Софија.

Иако не се кае што така млада станала мајка, смета дека сѐ би било полесно доколку Маноло пристигнал 10 години подоцна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Таа се присети како ѝ се кршело срцето секогаш кога поради работата морала малечкиот Маноло да го остави кај баба му на чување.

„Мајчинството има многу врска со инстинктот, чувството на одговорност, посветеноста, па дури и со простувањето на сам себе“, објасни таа за медиумите, пренесува „Brightside“.

Денес за Софија Вергара и нејзиниот син оние кои не ја познаваат би помислиле дека се пар… тој постојано е со неа на црвениот тепих, а лудо се забавуваат и додека заедно излегуваат, готват и патуваат. Таа, сепак, сѐ уште се грижи кога Маноло се враќа дома и сѐ уште има потреба да го советува да „размислува со главата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот