ФОТО | Слаткар доби сребрена плакета од Јутјуб: „Ова е само почеток, одиме до еден милион“
Македонскиот рапер и продуцент Марко Маринковиќ – Слаткар го доби Сребреното Јутјуб плеј копче, признание што платформата Јутјуб го доделува на креаторите кои ќе ја надминат бројката од 100.000 претплатници на својот официјален канал.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Слаткар веста ја сподели на својот инстаграм-профил, каде објави фотографија со плакетата и упати благодарност до својата публика.
„Првпат добивам плакета што ми ја дале 100.000 луѓе.
100.000 луѓе што одлучиле да ме поддржат и да се претплатат.
Фала ви 100.000 пати.
Ова е само почеток, одеме до 1.000.000“, напиша тој.

Сребреното плеј копче претставува официјално признание од Јутјуб за стабилна и лојална база на следбеници. Со оваа награда, Слаткар уште еднаш покажа дека е еден од највлијателните домашни артисти на дигиталните платформи.
Неговиот канал со години бележи милионски прегледи, особено со песните „Дими џам“ (речиси 7 милиони), „Бетмен“ (6 милиони), „Океани“ (4 милиони) и други хитови што имаат широка публика и надвор од Македонија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
29мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


