Еди Марфи и Мартин Лоренс - Фото: Пинтскрин/Јутјуб

ФОТО | Синот на Еди Марфи и ќерката на Мартин Лоренс чекаат бебе: Коментарите на социјалните мрежи се урнебесни

Ерик Марфи (37) и Џесмин Лоренс (30) ја објавија среќната вест дека очекуваат прво дете. Инаку, Ерик е син на славниот комичар Еди Марфи, а Џесмин е ќерка на исто така ќерка на познатиот комичар Мартин Лоренс. Фановите на легендарните комичари се воодушевени од оваа новост.

„Замисли дека твои дедовци се Еди Марфи и Мартин Лоренс!“, „Тоа дете ќе биде неверојатно талентирано и смешно“, пишуваа луѓето во коментарите на социјалните мрежи.

Ерик Марфи и Џесмин Лоренс – Фото: Инстаграм/jasmin_lawrence

 

Пред две години јавноста беше изненадена кога се дозна дека Ерик и Џесмин се во врска.

Во мај минатата година, тие застанаа пред олтарот, а церемонијата беше интимна, само за најблиските, како што објави „Индпендент“.

Марфи тогаш се пошегува во една емисија, велејќи дека за среќа не мора да плати за венчавката, бидејќи сè ќе плати Лоренс.

Ерик Марфи и Џесмин Лоренс – Фото: Инстаграм/jasmin_lawrence

„Еди рече дека јас морам да платам сè“, изјави Мартин, додавајќи дека Марфи веќе ја платил венчавката на својот син порано и сега е „нејзиниот ред“. Сепак, заљубениот пар сакал само мирно и скромно венчање.

„Се венчаа во црква, само тие двајца и свештеникот. Беше мала, тивка церемонија“, објасни Еди Марфи.

Ерик Марфи и Џесмин Лоренс – Фото: Инстаграм/jasmin_lawrence

Ерик е најстар од десетте деца на Марфи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот