ФОТО: Шампионски пречек за Ѓоковиќ по враќањето од Австралија!

Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ доживеа пријатно изненадување од неговото семејство кое му приреди шампионски пречек..

Потсетување дека српскиот ас по деветти пат го освои грен слем турнирот во Мелбурн, „Австралија опен“.

Ноле во големото финале успеа да го совлада рускиот натпреварувач Данил Медведев со резултат 3:0 во сетови 7:5, 6:2 и 6:2.

Тоа е негов 18 освоен грен слем турнир во кариерата, а неговите најблиски се погрижија за најубав можен начин да го пречекаат шампионот.

На теренот со тениски топчиња беше испишано 18 што претставува вкупниот број на грен слем титули со порака: „Мама, Тара и Стефан, те сакаме“.

И самиот Ноле беше импресиониран од прекрасното добредојде објавувајќи: „Најубав пречек“.

Фото извор: instagram.com/djokernole/

По неговиот тренер, и Ѓоковиќ им одговори на критичарите: Не бевте фер, но не е прв пат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот