ФОТО | Сара Џесика Паркер среде Њујорк носи капут од позната српска дизајнерка: Непогрешив стил!
Кралицата на стилот Кери Бредшо, односно Сара Џесика Паркер, е една од суштинските фигури на современата модна сцена. Дури и во ретките моменти кога можно е направи некаков моден прекршок, никој нема срце да ѝ покаже црвен картон. Бидејќи обично не промашува. А деновиве, познатата актерка шета низ Њујорк во едно посебно палто…
Препорачано
Таа е нешто друго. И кога се истакнува на гламурозни настани, каде што припаѓа како бесконечно голема ѕвезда, и кога се вози со њујоршкото метро „како целиот нормален свет“. Во изминатите неколку дена, Сара Џесика Паркер ја снимаше новогодишната кампања за „Гугл“ на Менхетен, а во својот стил вклучи палто со потписот на брендот „Сенталер“.
View this post on Instagram
Зад него стои српската дизајнерка Бојана Сенталер, која во последните години воодушеви многу познати и непознати дами со сензационални палта изработени од алпака волна. Ребрести ракави и модели со преклоп со мултифункционални преголеми качулки се заштитен знак на нејзиниот бренд, препознатлив по своите едноставни линии, оригинални детали, како и материјали со луксузни текстури, богата палета на бои и беспрекорен крој.
И ако некој знае да препознае квалитет, тоа е легендарната Сара Џесика Паркер, која избрала импресивен модел во светло зелена нијанса и со него ги воодушевила сите љубители на модата и на добрите парчиња облека! Сара го комбинирала палтото со сив џемпер и темно сино здолниште во дезен со точки. А со чадор, да го додадеме и тој додаток. Со еден збор, совршено.
Инаку, софистицирани креации од српската дизајнерка Бојана Сенталер Николиќ го освоија модниот свет и станаа дел од гардероберот на најпознатите жени на денешницата.
Бојана Сенталер Николиќ е српско-канадска дизајнерка која го основаше брендот „Сенталер“ (Sentaler) во Торонто. Нејзините палта изработени од фина алпака волна се препознатливи по нивниот елегантен дизајн и карактеристичните ракави со риги. Нејзините модели ги носат Меган Маркл, Кејт Мидлтон, Џиџи Хадид, Анџелина Џоли, Џесика Бил и многу други светски ѕвезди.
View this post on Instagram
View this post on Instagram


