epa-efe
Фото: EPA-EFE/NIC BOTHMA EDITORIAL USE ONLY/NO COMMERCIAL SALES

ФОТО | Сите креации на српските дизајнерки кои ги носеле Кејт Мидлтон и Меган Маркл: Две се особено важни

Меган Маркл и Кејт Мидлтон повеќепати избирале креации од српските дизајнерки Роксанда Илинчиќ и Бојана Сенталер Николиќ. Нивните софистицирани креации го освоија модниот свет и станаа дел од гардероберот на најпознатите жени на денешницата.

Кои се српските дизајнерки кои го облекуваат кралското семејство?

Роксанда Илинчиќ – мода и уметност

Роксанда Илинчиќ е родена во Србија, но меѓународен успех постигна во Велика Британија, каде што дипломирала на престижниот Централ Сент Мартинс во Лондон. Таа е позната по модерните, скулпторски кроеви, геометриските силуети и употребата на светли бои. Нејзините фустани често ги носат Кејт Мидлтон, Меланија Трамп, Мишел Обама и многу други познати личности.

Бојана Сенталер Николиќ – луксузни палта од волна алпака

Бојана Сенталер Николиќ е српско-канадска дизајнерка која го основаше брендот „Сенталер“ (Sentaler) во Торонто. Нејзините палта изработени од фина алпака волна се препознатливи по нивниот елегантен дизајн и карактеристичните ракави со риги. Нејзините модели ги носат Меган Маркл, Кејт Мидлтон, Џиџи Хадид, Анџелина Џоли и многу други светски ѕвезди.

Меган Маркл во капут од Бојана Сенталер Николиќ (2017)

Во декември 2017 година, Меган Маркл присуствуваше на божиќната служба во Сандрингам за првпат со кралското семејство. Таа за оваа пригода избрала камел палто од волна алпака на брендот „Сенталер“. Капутот ги имал препознатливите ракави со пруги, заштитен знак на дизајнот на Бојана. Овој модел подоцна беше распродаден во рекордно време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana Sentaler (@bojanasentaler)

Меган Маркл во капут од Бојана Сенталер Николиќ (2016)

Уште пред да стане војвотка, Меган носеше бел мантил од брендот „Сенталер“ во Канада во 2016 година. Капутот беше дел од нејзиниот елегантен стајлинг на Ванкувер 2024 година како дел од настанот игрите Инвиктус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana Sentaler (@bojanasentaler)

Меган Маркл во фустан на Роксанда Илинчиќ (2022)

Во текот на посетата на Австралија во октомври 2022 година, Меган се појави во син миди фустан со карнери, дизајниран од Роксанда Илинчиќ. Фустанот се истакнувал по структуралната силуета, внимателниот крој и впечатливата сина боја, кои се препознатливи елементи на дизајнот на Роксанда.

Меган Маркл во капут од Бојана Сенталер Николиќ (2025)

Во текот на нејзиниот престој во Канада за да го промовира спортскиот натпревар игрите Инвиктус, на кој Меган и Хари се покровители, Меган носеше бел мантил дизајниран од Бојана Сенталер Николиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana Sentaler (@bojanasentaler)

Меган Маркл во капут од Бојана Сенталер Николиќ (2025)

Војвотката од Сасекс Меган Маркл пред неколку дена се појавува во бејби алпака мантил на „Сенталер“, во боја на слонова коска на церемонијата на отворањето на игрите Инвиктус Ванкувер 2025 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana Sentaler (@bojanasentaler)

Кејт Мидлтон во фустан од Роксанда Илинчиќ (2012)

Набргу откако стана војвотка, Кејт Мидлтон носеше сиво-бел фустан со асиметрични ракави, дизајниран од Роксанда Илинчиќ, и тоа во текот на приемот во Кралската академија на уметностите во 2012 година.

Овој елегантен фустан го привлече вниманието на модните критичари и ја етаблира Роксанда како една од омилените дизајнерки на британската аристократија. А Кејт носеше речиси идентичен модел во текот на нејзината посета на Австралија во 2014 година.

Кејт Мидлтон во син фустан од Роксанда Илинчиќ (2016)

Во текот на церемонијата за прослава на роденденот на кралицата во 2016 година, Кејт носеше и кралско син фустан со впечатливи детали, исто така дизајниран од Роксанда. Оваа комбинација беше идеална за официјални пригоди, а благодарение на кројот и употребата на боите ја истакна фигурата и елеганцијата на војвотката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kate.princesagales

Кејт Мидлтон во жолт фустан од Роксанда Илинчиќ (2014)

На две турнеи – во Јамајка и Австралија, Кејт се појави во жолти фустани со набори, кои ја симболизираа ведрината и сончевата клима на овие земји. Сепак, жолтиот фустан од Јамајка стана една од нејзините најпознати комбинации, која ја повтори во текот на финалето на Вимблдон во 2018 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kate.princesagales

Кејт Мидлтон во капут од Бојана Сенталер Николиќ (2016)

Во текот на кралската турнеја низ Канада во 2016 година, Кејт Мидлтон носеше сив краток капут од брендот „Сенталер“. Благодарение на совршениот крој и висококвалитетниот материјал, капутот совршено го надополни нејзиниот елегантен стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana Sentaler (@bojanasentaler)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana Sentaler (@bojanasentaler)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот