ФОТО | Ремек-дело на црвениот тепих: Фустанот на Ема Стоун се изработувал 600 часа
На годинешните оскари, Ема Стоун на црвениот тепих позираше во светкава сребрена креација со кратки ракави, која изгледаше како да е направена од течно сребро. За изработката на фустанот биле потребни дури 600 часа работа.
Препорачано
Актерката е позната по тоа што често на црвениот тепих носи креации од француската модна куќа „Луј Витон“, па така беше и оваа година на церемонијата одржана во „Долби театар“ во Лос Анџелес.

Двојната оскаровка, која оваа година беше номинирана за најдобра главна актерка за филмот „Бугонија“ на режисерот Јоргос Лантимос, носеше долга и елегантна вечерна тоалета што суптилно ја истакна нејзината фигура.
Фустанот е шиен по мерка, со длабоко отворен грб и украсен со многу ситни перли. Самото рачно шиење на перлите и финализирањето на креацијата траело околу 600 часа.

Кројот ја следи линијата на телото и благо се шири кон долу, оставајќи впечаток на минималистичка елеганција и софистицираност.
Стајлингот го надополни со дијамантски накит – обетки и прстени од италијанската куќа „Репоси“, кои совршено се вклопија со сребрениот фустан.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


