Фото: Профимедиа

ФОТО | По пет години борба: Карла Бруни ја заврши терапијата против рак на дојка и испрати силна порака до сите жени

Сопругата на поранешниот француски претседател Никола Саркози, Карла Бруни, насвојот инстаграм-профил објави дека ја завршила терапијата против рак на дојка, откако ја добила дијагнозата крајот на 2019 година, пренесува „Лапрес“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carla Bruni (@carlabruniofficial)

Во објавата таа прецизира дека ја завршила петгодишната хормонска терапија.

„Хирургија, радиотерапија, хормонска терапија – тоа е патот кој мораме да го поминеме за да го излечиме овој вид рак“, изјави Карла Бруни.

Во својата порака, таа се заблагодари на медицинскиот тим за „компетентноста“ и „хуманоста“ покажани за време на овие „испитувања“, и ги охрабри „жените кои ќе ја прочитаат оваа објава“ редовно да се прегледуваат „секоја година ако е можно“.

„И покрај доста агресивните несакани ефекти, благодарна сум на науката што ја измисли хормонската терапија: таа е ефикасна во заштита од рецидиви, кои се чести во годините по дијагнозата“, напиша Бруни.

Поранешната прва дама на Франција истакна дека ќе биде покрај својот сопруг Никола Саркози, кој е осуден на пет години затвор и од октомври ја издржува казната.

Карла важи за посветена сопруга, бидејќи најавила дека ќе го посетува секој ден, според биографката Бесма Лахори, која ја опишува како „исклучително одана сопруга“ подготвена да направи сè за поранешниот претседател што поскоро да биде на слобода.

„Подготвена е, ако е потребно, да помести и небо и земја“, додава Лахори.

Никола Саркози беше прогласен за виновен за криминален заговор за примање незаконски средства од Моамер Гадафи и осуден на пет години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот