Џејми Герц, Тони Реслер - Фото: Икс/ UnfilteredAmerica

ФОТО | По долго време – најбогата актерка на светот Џејми Герц се појави на настан во Лос Анџелес заедно со сопругот

Најбогатата актерка на светот, Џејми Герц, деновиве привлече големо внимание со своето појавување на гала-вечерата во Музејот на уметноста во Лос Анџелес (LACMA). Некогашната ѕвезда на култните филмови од 80-тите, на свечениот настан пристигна во придружба на својот сопруг, милијардерот Тони Реслер.

За оваа специјална прилика, Герц носеше елегантен бел фустан под крем капут од брендот „Libertine“, украсен со светкави цветни детали. Поводот за нивното појавување беше отворањето на новите галерии „David Geffen“, проект за кој парот донираше неверојатни 50 милиони долари. Во нивна чест, јужното крило на музејот сега го носи името „Крило на семејството Реслер“.

Џејми Герц, која публиката ја памети по улогите во „Sixteen Candles“, „The Lost Boys“ и „Twister“, денес е сосопственичка на НБА тимот Атланта Хокс. Таа претходно изјави дека сопственоста на клубот е „многу забавна“ и дека токму преселбата во Џорџија означила природна пауза во нејзината актерска кариера.

Иако нејзиното богатство денес се проценува на 8 милијарди долари, Герц отсекогаш нагласувала дека била финансиски независна и пред да го запознае сопругот во 1986 година.

„Сите мислат дека сум сеомажила за богат тип. Вистината е дека јас ја платив нашата прва куќа и нашето прво патување. Се омажив за него затоа што се заљубив“, појасни актерката во едно интервју.

Двојката е во брак од јуни 1989 година и имаат четири деца. Иако ретко се појавуваат на холивудските настани, нивната хуманитарна работа и влијание во светот на бизнисот и уметноста ги прават еден од најмоќните парови во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот