Роб Рајнер со сопругата Мишел и нивниот син Ник / Фото: Profimedia

ФОТО | Објавени фотографии од апсењето на синот на Роб Рајнер, осомничен за убиството на родителите

Полицијата во Лос Анџелес вчера го приведе Ник Рајнер, син на режисерот Роб Рајнер, под сомнение дека ги усмртил своите родители во нивниот дом. Во меѓувреме, во јавноста беа објавени и фотографии од неговото апсење.

Надлежните служби потврдија дека 32-годишниот Ник Рајнер е уапсен како главен осомничен за смртта на неговите родители. Началникот на полицијата, Џим Мекдонел, соопшти дека Ник, за кого се наведува дека со години се соочувал со зависност од наркотични средства, е задржан во притвор и дека против него се води постапка за тешко убиство. Во моментов тој е лишен од слобода без можност за пуштање со парична гаранција, пишува „АП“.

Зборувајќи за наредбата за претрес на семејната куќа, Мекдонел одби да навлегува во подробности, но истакна дека претресот бил од суштинско значење за понатамошниот тек на истрагата.

Полициски службеници биле повикани на адресата на семејството Рајнер во западниот дел на Лос Анџелес во попладневните часови, каде што во домот пронашле безживотни тела на маж и жена. Подоцна, во соработка со службата за судска медицина, било потврдено дека станува збор за Роб и Мишел Рајнер, сопружници кои биле во брак 36 години.

На прес-конференција, началникот на полицијата нагласи дека истрагата сè уште е во почетна фаза.

„Со информациите што ги имаме во моментов не можеме да откриеме многу, но ќе споделиме сè што е можно. Нашите мисли се со семејството и пријателите на Рајнерови. Ова е исклучително трагичен настан“, изјави Мекдонел.

Тој додаде дека полицијата на 14 декември околу 15:40 часот одговорила на повик од нивната резиденција.

„На местото на настанот беа пронајдени две починати возрасни лица, маж и жена. Во текот на ноќта тие беа службено идентификувани како Роб и Мишел Рајнер“, рече тој.

Покрај Ник, Роб и Мишел имаат уште две деца – Џејк и Роми. Од претходен брак со Пени Маршал, Роб Рајнер ја има посвоено и ќерката Трејси Рајнер.

Голем број познати личности од филмскиот свет изразија сочувство по повод смртта на брачниот пар. Меѓу нив е и глумицата Џејми Ли Кертис, која изјави дека Роб и Мишел биле блиски пријатели на неа и на нејзиниот сопруг, Кристофер Гест.

На трагедијата ѝ претходела жестока расправија? Сведоци откриле што се случувало во семејството Рајнер ноќта пред убиството

Приведен синот на убиениот режисер Роб Рајнер и неговата сопруга: Ник Рајнер е сместен во затворот во Лос Анџелес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот