ФОТО | Новогодишен колач кој ќе ви го замириса домот на љубов

Колач од портокал/Facebook

Новогодишните празници следат периодов, а ние  сакаме да им угодиме на сите сетила, најчесто со нешто слатко, нешто меко и воздушесто како домашен колач.

Ние ви предложуваме нешто убаво, брзо и едноставно што ќе ви ја наполни душата и ќе ви го замириса домот на љубов.

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 200 гр кафен шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • рендана кора од 3 портокали
  • 100 мл цеден сок од портокал
  • 100 мл јогурт
  • 150 гр стопен путер
  • 350 гр брашно
  • 1 прашок за печиво
  • цимет, морско оревче, прстофат сол
  • 100 гр сечкани лешници/бадеми/ореви

Подготовка:

Се матат со миксер јајцата со шеќерот, ванилата, ренданата кора од портокал, се додава цедениот сок од портокал додека да стане пенасто. Се додава јогуртот, путерот и се мати уште неколку минути.
Настрана се просејува брашното, се додава прашокот за пециво, рамно лажиче цимет, рендано морско оревче и прстофат сол. Се додава постепено во мократа смеса и се меша со спатула. На крајот се додаваат сечканите јаткасти плодови и се промешува добро.

Во калап за куглоф се премачкува масло од сите страни, а најмногу околу централниот дел (таму се лепи смесата најмногу). Се истура половина од смесата. Во останатата половина се додава лажица какао и се меша. Се истура кафената смеса врз белата половина и со чепкалка за заби се шарка, за да се измешаат двете бои.

колач со портокал/Facebook
Колач со портокал / Фото: Фејсбук

Се пече прво половина час на 170 степени, а потоа уште 20 минути на 200. Со чепкалка проверете при крај дали е куглоф колачот печен. Се чека добро да се олади, па со помош на ноже се одделува од калапот и се превртува на чинија. Можете да го прелиете со стопена чоколада или да го наросите со шеќер во прав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот