ФОТО | Ноне Неделковска си „гази“ во Куба: Во олдтајмер низ Хавана, ужива без мана

Ноне Неделковска/Инстаграм
Ноне Неделковска/Инстаграм

За некои луѓе, летото е постојано годишно време. Така е и за нашата поп пејачка која одамна замина да работи на брод, но нејзините патувања се секогаш раскошни, полни со егзотични дестинации.

Ноне Неделковска ги почести своите следбеници и фанови на инстаграм со уште една серија фотографии, овојпат од прекрасната Хавана, Куба.

На фотографиите, Ноне ужива возејќи се во во прекрасен црвен олдтајмер, Шевролет Импала, а на објавата запиша:

„Назад во времето во 1960, се возам во мојот Шевролет Импала“.

На една од фотографиите, Ноне сподели и дека ужива во добропознатите кубански пури, позирајќи пред воланот.

 

Ноне Неделковска/Инстаграм
Ноне Неделковска/Инстаграм

Коментарите под објавата се позитивни, а многумина оставија емотикони срциња.

„Уживај“, „И јас би бил сега таму и би запалил една пура“, „Ноне, скроз ти стои комбото шевролет + пура“

Ноне освен во Хавана, Куба, пред неколку дена уживаше и на плажите на Јамајка. Таа сподели фотографии и од таму, во секси костим за капење како се сонча безгрижно.

ФОТО | Ноне Неделковска ужива во животот: Таа пие коктел под палма, нас ни врне снег

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот