ФОТО | Не крие дека се растажила: Оскаровецот побарал од актерката да ја отстрани нивната фотографија од матура

Фото: Инстаграм/ЕПА

Актерката Рејчел Билсон во една емисија раскажа за непријатната ситуација која ја имала со оскаровецот Рами Малек. Имено, таа пред две години на Инстаграм објавила фотографија со колегата од средношколските клупи, кога тие биле воодушевени што престојуваат во Њујорк.

Таа тогаш го коментирала неговиот стајлинг од деведесеттите и иронично го запрашала каде го набавил златното ланче кое го носел тогаш. Меѓутоа, нејзиниот шеговит гест го налутил Рами.
Актерката открила дека тие посетувале исто училиште и дека биле во „истата екипа“.

„Реми ми беше добар пријател, Бевме во истата екипа. Зедно како матуранти глумевме во претставата „Crucible“. Се правевме заедно“.

Фото: Профимедиа

Во тоа време Рами добил Оскар, SAG награда и Златен глобус за улогата во филмот „Bohemian Rhapsody“. Тогаш таа објасни дека неговиот успех сакала да го прослави со нешто забавно и легално, а не со сериозна честитка.

„Очигледно во тој момент тој стана супер познат, иако секогаш беше исклучително надарен, дури и во средното училиште. Ја објавив фотографијата од матура. На неа изгледаме како вистински бубалици, најверојатно нашата најлуда фотографија. Но , одлучив да ја објавам бидејќи беше смешна и сметам дека секој треба да се пошегува на своја сметка“, изјави таа, пренесува Vulture.com.

Таа била многу тажна кога добила приватна порака од актерот во која тој не ја ни поздравил, ниту се пошегувал со неа, туку само круто и напишал „Навистина би ти бил благодарен ако ја тргнеш таа фотографија. Јас не сакам да ја споделувам приватноста“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот