ФОТО | Нашиот дизајнер Златко Јовановски креираше фустан за Јелена Карлеуша по повод нејзиниот роденден

Фото: Принтскрин .- Инстаграм

Попознат како „JZJ“, под името кое го носи и неговиот моден бренд, Златко Јовановски важи за еден од најхрабрите модни дизајнери на македонската сцена.

Фото: Принтскрин .- Инстаграм

Како перфекционист во својата работа и дизајнер за кој не постојат граници во креирањето ги преплави светските магазини, а негови креации носат светски познати имиња.

Фото: Принтскрин .- Инстаграм

Јовановски со своите креации им дава храброст на дамите да го носат на себе тоа што отсекогаш го посакувале. Креациите на Златко го привлекоа вниманието и на српската поп – дива пејачка Јелена Карлеуша со која Златко ја оствари својата прва соработка кон крајот на минатата година.

Фото: Принтскрин .- Инстаграм – „Story“

Очигледно соработката меѓу Златко и поп -дивата продолжува и понатаму. Нашиот дизајнер по повод 44-тиот роденден на Карлеуша создаде уште една креација специјално наменета за пејачката во кој позираше за српскиот магазин „Story“ .

Фото: Принтскрин .- Инстаграм – „Story“

Креацијата покрај тоа што ја следеше совршената линија на Карлеуша, дополнително ги истакна нејзините атрибути. Прекрасен фустан со корсет кој го истакна нејзиниот струк и преден дел со впечатлив градник, кој покриваше само дел од нејзините гради, формирајќи рајски цвет од кристали.

Фото: Принтскрин .- Инстаграм – „Story“

Креацијата со макси должина совршеното ја следеше заносната фигура на пејачката изработена од материјал со богато навезени светкави детали.

Златко и Јелена делат ист хороскопски знак – Лав. Јелена го прослави својот роденден во Дубаи на 17 август, а Златко два дена порано на 15 август во еден познат скопски ресторан во кругот на своите најблиски пријатели.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот