ФОТО | Манекенката со најтесниот струк на светот: „Носев корсет 17 години и потрошив милиони за да го постигнам ова“
Алеира Авендано (33), контроверзна манекенка и инструкторка по јога од Мајами, тврди дека потрошила богатство за да го оствари својот сон – да го има најтесниот струк на светот.
Препорачано
Нејзиниот струк сега е широк само 46 сантиметри, а овој резултат го постигнала носејќи тесен корсет 23 часа на ден, секој ден во последните 17 години.
View this post on Instagram
„Го вадам само кога се туширам“, изјави Алеира за „NeedToKnow“, додавајќи дека корсетот станал составен дел од нејзиниот живот.
Со оглед на екстремната трансформација, таа признава дека нејзините внатрешни органи „се прилагодиле“ на нејзиниот нов облик на телото, но тоа не ја обесхрабрува.
„Немам намера да престанам. Мојата цел е да ја освојам титулата жена со најтесен струк на светот. Засега, таа ја држи Кети Јунг со струк од 38 сантиметри, но се движам кон тоа“, вели таа решително.
Освен во корсетот, Алеира инвестирала и сериозни пари во својот изглед – повеќе од милион долари. Ова вклучува 7 операции за зголемување на градите, пет операции на носот, импланти на задникот и естетски стоматолошки процедури. Таа вели дека се вклучени и бројни естетски терапии, третмани и специјална диета.
„Искрено, моето тело треба да биде осигурано. Ова е голема инвестиција и огромна обврска“, вели Алеира.
Купувањето облека е вистински предизвик за неа, признава таа. „Ништо не ми одговара. Имам природно широки колкови и уникатни димензии, па затоа мора сè да ми биде шиено по мерка.“
Таа исто така вели дека мажите го обожаваат нејзиниот „егзотичен изглед“.
„Пластичната хирургија им помага на жените да бидат навистина убави“, тврди таа. „Ако сте доследни и носите корсет секој ден, резултатите ќе бидат видливи за неколку месеци. Ќе бидете уникатни и нема да зажалите“, верува таа.


