Едоардо Мапели Моци, Принцеза Беатрис - Фото: Инстаграм/ПринцезаБеатрис

ФОТО | Кралски скандал без крај – ќерката на Ендру, принцезата Беатрис размислува за „бегство“ во Америка за да го спаси бракот

Животот на ќерките на поранешниот принц Ендрју е целосно разнишан по последните случувања поврзани со скандалот „Епстин“. Откако нивниот татко беше уапсен, а мајка им Сара Фергусон буквално исчезна од јавноста, принцезите Беатрис (37) и Евгенија (36) се соочуваат со досега невидено понижување, пишува „Дејли мејл“.

Нови документи – нови проблеми

Како што пренесува „Дејли мејл“, американското Министерство за правда објави обемна документација која открива дека злогласниот Џефри Епстин бил многу поприсутен во животот на принцезите отколку што претходно се мислело. Иако тие не се обвинети за никаков прекршок, притисокот врз нив да прозборат за нивните врски со Епстин станува неподнослив.

Бракот на Беатрис на „стаклени нозе“?

Најголемиот товар падна врз постарата сестра, Беатрис. Извори блиски до дворот тврдат дека во нејзиниот брак со италијанскиот гроф Едоардо Мапели Моци владее тензија. Додека Беатрис се обидува да го спаси угледот на семејството во Лондон, нејзиниот сопруг е постојано на деловни патувања во Мајами и Лос Анџелес.

Едоардо Мапели Моци, Принцеза Беатрис / Фото: Инстаграм/Принцеза Беатрис

„На Беатрис ѝ требаше рамо за плачење по апсењето на татко ѝ, но Едо не беше таму. Тој беше фокусиран на својот бизнис со недвижнини, што многу ја вознемири“, открива извор за британските медиуми.

Бегство во САД по стапките на Хари

За да го спасат својот шестгодишен брак и да побегнат од медиумскиот линч, парот сега сериозно размислува за преселување во САД. Тие веќе се во контакт со нивниот братучед, принцот Хари, кој наводно им дава совети за животот во Калифорнија.

„Нивното преселување во странство до пред неколку години беше незамисливо, но сега времињата се сменети. Тие чувствуваат дека ако останат во Велика Британија, ќе бидат лесна мета, особено што полициската истрага против Ендрју ќе трае со месеци“, додава изворот.

Принцезите Беатрис, Јуџин и Сара Фергусон / Фото: Инстаграм/Принцеза Беатрис

Мајката Сара Фергусон е „срам“ за ќерките

Можеби најшокантниот детал е односот на сестрите кон нивната мајка, Сара Фергусон. По откривањето на нејзините блиски врски со Епстин во компромитирачките документи, Беатрис и Евгенија наводно веќе не сакаат ниту да живеат со неа.

„Тие ја сметаат Сара за срам. Ниту Беатрис, ниту Евгенија не сакаат таа да се всели кај нив. Фергусон ќе мора сама да се соочи со последиците кога ќе се врати во јавноста“, се наведува во извештајот.

Додека нивниот татко го чека евентуалното судење, а мајка им е во илегала, принцезите се подготвуваат за нов почеток преку Атлантикот, надевајќи се дека таму ќе го најдат мирот што го изгубија во Лондон.

Поранешниот британски принц Ендру е уапсен поради скандалот со Епстин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот