Џенифер Лопез, Ким Кардашијан, Криси Тајген - Фото: Profimedia

ФОТО | Кога љубовта вреди милиони: Најскапите и највпечатливи подароци на светските ѕвезди за Денот на вљубените

Кога станува збор за љубовта, славните личности не штедат. Од луксузни автомобили и милионски бизниси, до приватни настапи и романтични гестови што се паметат цел живот – овие подароци далеку ја надминуваат класичната кутија чоколади и букет цвеќе. Во светот на славните, љубовта често има цена што воодушевува, изненадува, а понекогаш и шокира.

Џенифер Лопез и Бен Афлек

Џенифер Лопез и Бен Афлек во 2023 година го прославија првиот Ден на вљубените како брачен пар на симболичен, но мошне личен начин – со нови тетоважи.

Лопез на Инстаграм ја покажа својата тетоважа – знак за бесконечност со испреплетени имиња „Џенифер“ и „Бен“, прободен со стрела. Тетоважата се наоѓа под нејзиниот градeн кош и претставува симбол на нивната вечна љубов. Иако не станува збор за милионски подарок, неговата вредност е немерлива.

Џенифер Лопез – Фото: Инстаграм

Кети Пери и Расел Бренд

Во февруари 2010 година, Кети Пери му подари на својот тогашен свршеник Расел Бренд луксузен „Бентли Бруклендс“ во боја на јоргован, изработен по нарачка.

Автомобилот, опишан како елегантен и ексклузивен, наводно чинел околу половина милион долари. Овој раскошен подарок бил врачeн непосредно пред нивната венчавка истата година.

Мајкл Б. Џордан и Лори Харви

Актерот Мајкл Б. Џордан приреди вистинска филмска романса за Лори Харви. Тој изнајми цел аквариум за да можат да уживаат во интимна атмосфера, а за вечера ангажираше тим од познатиот јапонски ресторан „Нобу“.

Просторот бил украсен со илјадници ливчиња од рози и свеќи, создавајќи магична атмосфера за Денот на вљубените. Иако гестот бил грандиозен, парот ја прекина врската една година подоцна.

Раџ Кундра и Шилпа Шети

Индиската актерка и модел Шилпа Шети доби необичен и исклучително скап подарок од својот сопруг, бизнисменот Раџ Кундра – удел во крикет-клубот „Раџастан Ројалс“.

Наводно, за овој потег биле издвоени околу 15 милиони долари, со што двајцата станале сопственици на клубот. И покрај тоа што подоцна се соочија со правни предизвици и медиумско внимание, нивниот подарок останува еден од највредните љубовни гестови меѓу славните.

Канје Вест и Ким Кардашијан

Иако нивниот брак заврши со развод во 2022 година, Канје Вест и Ким Кардашијан беа познати по спектакуларните изненадувања.

Во 2019 година, Вест организираше приватна серенада од светски познатиот саксофонист Кени Џи – среде нивната дневна соба, исполнета со стотици вазни со бели, розови и црвени рози. Ким го сподели моментот на социјалните мрежи со порака: „Ништо посебно, само Кени Џи во мојата дневна соба! Среќен Ден на вљубените!“

Џон Леџенд и Криси Тајген

Мистериозните патувања се омилен романтичен гест меѓу ѕвездите. Во 2015 година, Џон Леџенд ја изненади сопругата Криси Тајген со лет со приватен авион до непозната дестинација, која и денес останува тајна.

Изненадувањето остана една од нивните најромантични приказни.

Дејвид и Викторија Бекам

Меѓу најскапите подароци во историјата на славните парови се вбројува и дијамантско-рубинската огрлица од брендот „Булгари“, која Дејвид Бекам наводно ѝ ја подарил на Викторија во 2006 година.

Вредноста на накитот се проценува на околу 8 милиони долари, што и денес го задржува местото меѓу најлуксузните љубовни гестови во јавноста.

Во светот на познатите, љубовта често се мери во милиони, но зад секој раскошен подарок стои желбата да се создаде незаборавен момент. Иако сите приказни немаа среќен крај, тие засекогаш останаа запишани како дел од најгламурозните љубовни гестови на Денот на вљубените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот