ФОТО | Кејт Мидлтон и принцот Вилијам по две години се појавија на велигденската миса, од посрамотениот Ендру ниту трага
Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила ги собрале членовите на британското кралско семејство на традиционалната велигденска миса во Виндзор, но еден детаљ повторно го привлекло вниманието на јавноста – принцот Ендру не беше меѓу гостите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Овогодинешната велигденска служба во капелата „Свети Ѓорѓи“ била во знакот на семејното единство, барем на прв поглед. На кралскиот пар му се придружиле принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт Мидлтон, со нивните три деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
View this post on Instagram
Голем број граѓани се собрале пред замокот уште од раните утрински часови за да го следат во живо пристигнувањето на кралското семејство.
За разлика од претходните години, поранешниот принц Ендру и неговите ќерки, принцезите Беатрис и Евгенија, не се појавиле на мисата. Како што наведуваат извори блиски до кралската палата, одлуката била донесена со согласност на кралот и тие „направиле алтернативни планови“, истакнувајќи дека би можеле да му се придружат на семејството во некои идни прилики.
Ендру лани сè уште беше присутен на велигденската служба, заедно со неговата поранешна сопруга Сара Фергусон, но во меѓувреме ситуацијата значително се променила.
Кралот му го одзеде правото да ја користи титулата принц и војводската титула поради неговата поврзаност со финансиерот Џефри Епстин, осуден за педофилија. Ендру Маунбатен-Виндзор во февруари, на својот 66-ти роденден беше уапсен под сомнение за злоупотреба на службената должност, за наводно споделување доверливи информации со Епстин додека бил британски трговски претставник. Ендру ги негира сите обвинувања.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон оваа година се вратиле на велигденската миса откако беа отсутни во претходните години. Минатата година го поминаа празникот во Норфолк со своите деца, додека во 2024 година беа отсутни недолго откако Кејт откри во емотивна видеопорака дека започнала со превентивна хемотерапија.
View this post on Instagram
Во меѓувреме, британските медиуми потсетуваат и на непријатените моменти од 2023 година, кога Ендру, според анализата на експертката за говор на телото Џуди Џејмс, се обидел да „го нагласи својот статус на сина крв“.
„Ендру доаѓа на врвот од скалите со речиси ликувачка насмевка бидејќи прв што излегува пред камерите. Но, насмевката брзо исчезнува кога сфаќа дека мора да чека додека другите поминуваат“, рече Џејмс.
Таа додала и дека поранешниот војвода од Јорк се обидел да ја избегне ситуацијата во која би морал да чека зад својот зет, Сер Тим Лоренс.
„Неговото однесување сугерира нетрпение и негодување. Во еден момент, тој буквално застанува пред Тим за да ја заземе централната позиција“, опишала таа.
Велигденскиот собир доаѓа само неколку дена откако Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс ќе отпатува во САД на крајот на април, и покрај тензиите помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер околу војната во Иран.
Поранешниот британски принц Ендру е уапсен поради скандалот со Епстин
ФОТО | Поранешниот принц Ендру првпат се појави во јавност по апсењето


