ФОТО | Поранешниот принц Ендру првпат се појави во јавност по апсењето
Поранешниот принц Ендру по неколку недели повторно беше забележан во јавноста, по апсењето што се случи во февруари.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ендру (66) бил фотографиран во саботата на имотот Сандрингем во Норфолк, каде што шетал кучиња во придружба на телохранител, пренесува „Пипл“.
Former Prince Andrew Seen Publicly for First Time in Weeks After His Arrest https://t.co/BV3BnGwxhO
— People (@people) March 22, 2026
Ова е негово прво јавно појавување откако беше уапсен на 19 февруари, токму на неговиот 66-ти роденден. Апсењето е поврзано со полициска истрага поради сомнежи дека, додека ја извршувал функцијата британски трговски претставник, споделувал доверливи информации со осрамотениот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.

Ендру истиот ден беше пуштен на слобода, но истрагата продолжува. По околу 11 часа поминати во притвор во полициската станица во Ајлшам, беше фотографиран на задното седиште во возило, а снимката брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ex-Prince Andrew seen publicly for first time since arrest for Epstein ties near new home https://t.co/KhoghKEvgP pic.twitter.com/zi2ZGsfD47
— Page Six (@PageSix) March 22, 2026
Да потсетиме, Ендру се повлече од јавните кралски должности уште во 2019 година по контроверзното интервју за Би-би-си, во кое зборуваше за својот однос со Епстин. Епстин истата година почина во затвор, каде што чекаше судење по обвиненија за трговија со луѓе за сексуална експлоатација.
Поранешниот војвода од Јорк беше поврзуван и со Вирџинија Џуфре, една од најгласните жртви на Епстин, која тврдеше дека била присилена на сексуален однос со него кога имала само 17 години. Џуфре почина во 2025 година на 44-годишна возраст.
Кралицата Елизабета Втора му ги одзеде воените титули и покровителства во јануари 2022 година, откако судот го одби неговото барање за отфрлање на тужбата за сексуално злоставување. Спорот подоцна беше решен надвор од суд со неоткриен износ.
По објавувањето на мемоарите на Вирџинија Џуфре минатата година, јавниот притисок дополнително се зголеми. Ендру се откажа од користењето на кралските титули и почести, а набргу потоа кралот Чарлс формално му ги одзеде. Поранешниот принц и понатаму ги негира сите обвинувања.


