20 C
Скопје

ФОТО I Каков среќник! Купил куќа полна ѓубре, а во неа пронашол богатство вредно 400.000 долари

Домот на ексцентричната пијанистка која како хрчак ја затрупувала својата куќа со ѓубре и кутии, ја купил еден сопственик на продавница за антиквитети во Канада за само 10.000 долари поради состојбата во која таа се наоѓала. Но на големо изненадување, во нејзината внатрешност пронашол бројни вредни работи.

Кога ја купил куќата полна со прашина, кутии и разно ѓубре, Алекс Арчболд од Канада не можел ниту да насети дека го направил најправилниот потег во животот. Имено, тој е сопственик на продавница за антиквитети која ја води со сопругата, а домот го купил од починатата учителка за музика Бети Џоан Рак.

Алекс целокупната содржина од оваа куќа ја преземал откако таа починала минатиот декември, пренесува The Sun.

Трговецот со антиквитети сподели неверојатни предмети кои ги пронашол во куќата на својот Јутјуб канал, проценувајќи дека пронашол работи во вредност од околу 400.000 долари.

Фото: Јутјуб

Ја купил куќата поради пијаното

Алекс не бил сигурен што ќе пронајде во нејзиниот дом иако неколку години ја познавал госпоѓата Рак, тој сепак никогаш не влегол во нејзиниот дом. Но, одлучил да ризикува, бидејќи знаел дека внатре се наоѓа барем големото пијано.

Фото: Јутјуб

Но кога влегол пронашол мноштво кутии и вреќи натрупани во секоја соба, а тоа го потсетило на луѓето со „синдром на хрчак“, кои во својот дом собираат буквално се што им е потребно и непотребно.

Фото: Јутјуб

„Не знаев дека ексцентричната учителка која ја познавав всушност е богата“, изјави Алекс.

Додека тој и неговиот тим ги отварале сите кутии и кеси во секоја соба, тие откриле ретки пари, плочка од чисто сребро, вклучувајќи и чист сребрен долар и монета од 1920-та година.

Фото: Јутјуб

„Нашите најимпресивни пронајдоци ги вклучуваат и паричниците полни со готовина, сребрената плочка од 2,8 килограми и вреќите полни со златни прстени со дијаманти“, изјави тој.

Низ куќата во која се наоѓале и брендирани кутии, Алекс дури пронашол и блескав златен прстен сокриен во една кутија со чевли.

Фото: Јутјуб

Плакарите на госпоѓата Рак биле полни со дизајнерска облека, од крзнени капути до кроени одела, а спаѓаат во многу бараните винтиџ парчиња на облека.

Алекс и неговиот тим откриле стари записи, соба со перики, бројни прибори за јадење, мебел, книги, чевли, разни ситници, украси, и најмалку три машини за шиење.

Фото: Јутјуб

„Сите работи од куќата имаат потенцијал, имав неверојатна среќа. Ова е мојата најдобра инвестиција во животот“, заклучи тој.

Откако ги распределил сите вредни работи за продажба, Алекс сепак потврдил дека пијаното ќе го задржи за себе.

Поврзани вести

ВИДЕО: Кортни Кокс ја исфрлила водителката од дома бидејќи била лоша цимерка

Слободен печат

ФОТО | Јелена Карлеуша ги замолчи оние кои не веруваат дека се вакцинирала: Јецо, те почитувам, но иглата никаде не ја гледам – Затоа што си слепа!

Слободен печат

Кралицата Елизабета никогаш не открива што сака најмногу да јаде: Има една многу добра причина за тоа!

Слободен печат

ВИДЕО | Новиот хит на „Coldplay“ прв го слушна астронаутот Томас Пескет: Концерт за една личност

Милена Ри

ФОТО | Верна на својот стил: Брижит Макрон во палто кое одлично им прилега на русокосите!

Слободен печат

Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Слободен Печат

Остави Коментар