ФОТО+ВИДЕО | Гвинет Палтроу без гаќи и со ново лице на Оскарите: „Вкочането е, едвај прави гримаса“
Оскаровката Гвинет Палтроу позирала на црвениот тепих на Оскарите 2026 во свилена тоалета од Армани, со прорези на страните, долж целата линија. Прорезите биле покриени со тил и било очигледно дека актерката не носела долна облека, дури ни класичната, иако веројатно со одреден моден додаток спречила да се покаже премногу.
Препорачано
Но, тоа „премногу“ речиси излегло на виделина додека актерката се симнувала по скалите. Видеото покажува колку е всушност провокативен нејзиниот фустан и дека малку требало да покажа повеќе отколку што треба.
Модното издание од Оскарите се издвојува како еден од нејзините најпредизвикувачки стајлинзи.
Gwyneth Paltrow is breaking the internet after suffering an embarrassing wardrobe malfunction at the Oscars pic.twitter.com/xx8boOvJle
— USA NEWS 🇺🇸 (@usanewshq) March 16, 2026
Многу се коментираше и лицето на Гвинет Палтроу, а на социјалната мрежа Икс истакнуваат дека „дури и не ја препознале“, но се прашуваат и „што се случило со нејзиното лице, целото било вкочането“ па едвај „успеала да направи гримаса“.
View this post on Instagram
Пластичниот хирург Шон Мекнали тврди дека актерката имала пластична операција: лифтинг на лицето и подигнување на очните капаци.
Тој ги споредил нејзините нови фотографии со оние од 2021 година и забележал дека промените кај ушите укажуваат на операција на затегнување на кожата на лицето, односно т.н. facelifting. Тој исто така посочил на ботоксот на лицето на Палтроу.
„Има движења на челото и на долниот дел од лицето, но средниот дел од лицето и оној околу очите ѝ се помалку подвижни, што го предизвикува некој вид невромодулатор како ботоксот“, изјавил д-р Мекнали за „Дејли мејл“.

Гвинет претходно споделила на Инстаграм за успешните и помалку успешните третмани со ботокс што ги имала.
Оскаровката во 2023 година за „Вог“ истакнала дека постојат двојни стандарди за жените и мажите кога станува збор за стареењето, па затоа на мажите им ги толерираат брчките и седата коса (примерот на Џорџ Клуни), додека жените тоа им се замерува и се очекува да се подмладуваат со вештачки методи.
„Секоја жена треба да го прави тоа како што сака, во однос на стареењето. Некои жени сакаат секоја работа да ја решат естетски, а некои жени сакаат да бидат прекрасни француски баби кои никогаш ништо не прават. Секој треба да има моќ да го направи тоа како што сака“, порачала Гвинет.


