ФОТО | Били Ајлиш ја промени бојата на косата: За 6 минути доби милион лајкови

Фото: Профимедиа

Зад Били Ајлиш стојат неколку успешни недели: прво нејзиниот документарен филм „Billie Eilish: The World’s a Little Blurry“ беше прикажан на стриминг сервисот „Apple TV+“, а потоа нумерата која ја напиша за филмот за Џејмс Бонд „No Time To Die“ доби Греми.

Со цел сето ова да го прослави, младата пејачка ја промени бојата на косата. Таа, несекојдневната промена ја објави на Инстаграм профилот.

Нејзината коса досега беше темна, со зелени прамени на темето, но таа сега целосно го промени изгледот, станувајќи целосна русокоса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)


Изгледа дека оваа промена им се допадна на нејзините фанови, бидејќи само за 6 минути, нејзината фотографија со новата фризура доби милион лајкови, а потоа лајковите нормално продолжија да се нижат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот