ФОТО | Беше една од најубавите на која ѝ се восхитуваа и мажите и жените: Славната манекенка денес не личи на себе и ретко се појавува во јавноста

Фото: Профимедиа

Џенис Дикинсон, славниот супермодел и секс-симбол по кој воздивнуваа сите мажи во светот, а многу жени сакаа да изгледаат како неа, на 16 минатиот месец го прослави својот 66-ти роденден.

Во последните години таа ретко се појавува во јавноста, а последен пат е видена во мај 2020 година, кога многумина забележаа дека својата природна убавина ја уништила со бројните зафати.

Фото: Профимедиа

Тогаш беше сликана за време на прошетката со својот сопруг Роберт Гернер (71) и нивните две кучиња по паркот во Лос Анџелес. Џенис се обидела да го сокрие своето лице кое е упропастено од операциите под шеширот и очилата за сонце, но не биле толку успешна во тоа.

Фото: Профимедиа

Имено, нејзините фотографии сведочат дека често посетува естетска хирургија, а многумина сметаат дека претерала.

Фото: Профимедиа

Инаку Џенис беше најплатениот модел во 70-те години, но откако го уништи своето лице поради опседнатоста со пластичните операции повеќе не беше актуелна.

Фото: Профимедиа

Од 2016 година е во брак со психијатрот Роберт Гернер, а од претходните врски ја има ќерката Савана (26) и синот Нејтан (33).

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот