Одличен моден предлог…
Белата боја никогаш нема да излезе од мода, а на многу дами таа одлично им одговара. Оливија Кулпо уште еднаш беше на висина на задачата и ни даде одличен предлог како овој тренд да го примениме без грешка.
Фармерките со висок струк се одличен избор за сите дами кои имаат вишок на стомакот, а целата фигура ја прават значително повитка, а нозете подолги. За одличниот изглед придонесоа и чизмите со висока потпетица, а токму овој „набран“ модел е многу популарен моментално.

Џемперот со нагласени рамена прави фигурата да изгледа складно и како песочен часовник.

Оваа комбинација заслужува чиста десетка. Дали се согласувате?