ФОТО: Ангеловски го објави списокот, бркаме историско ЕП со Пандев, Елмас, Ристовски..!

фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски денеска го објави списокот на фудбалери за претстојните натпревари против Грузија (12. ноември, финале, плеј-оф за пласман на ЕП 2020), Естонија (15. ноември, Лига на нации) и Ерменија (18. ноември, Лига на нации).

Секако најважен, со најголемо значење во историјата на нашата селекција е оној на 12 ноември во Тбилиси против Грузија (18.00 часот) за пласман на наредното Европско првенство.

Без скоро никакви промени во составот, Ангеловски смета на истите стандардни репрезентативци, единствено е додаден уште еден голман. Поради црвениот картон Димитриевски ќе ги пропушти дуелите со Естонија и Ерменија во рамките од Лигата „Ц“, така што повикан е Мартин Богатинов од кипарскиот клуб Етникос Ахна, а на голманската позиција се уште Дамјан Шишковски и Даниел Божиновски.

Фото: ffm.mk

Составот на Македонија за дуелите со Грузија, Естонија и Ерменија:

ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Мартин Богатинов (Етникос Ахна, Кипар), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Даниел Божиновски (Силекс).

ОДБРАНА: Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон, Португалија), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Езџан Алиоски (Лидс јунајтед, Англија).

СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (МОЛ Фехервар, Унгарија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Тихомир Костадинов (Ружомберок, Словачка).

НАПАД: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сараево, Босна и Херцеговина), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција).

Селектор: Игор Ангеловски

Грузија без Чакветадзе и Китеишвили во историското финале со Македонија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот