Фон дер Лајен до компаниите за производство на вакцини: ЕУ вложи милијарди евра, да си ги исполните преземените обврските

Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен изјави дека Европската Унија (ЕУ) инвестирала милијарди евра во развој и производство на вакцини против ковид-19 и дека со право очекува од фармацевтските компании да го исполнат својот дел од обврските кон Европа.

– Сега компаниите треба да го испорачаат својот дел од работата и да ги исполнат своите обврски. Затоа воспоставуваме механизам за транспарентност при извозот на вакцини. Европа е решена да придонесе за глобалното добро, но ние, исто така, бараме да се почитуваат договорите, рече Фон дер Лајен во видео порака објавена на нејзиниот профил на Твитер.

Европската Комисија објаснува дека целта на механизмот се јасни информации за тоа каде одат вакцините против ковид-19 што се произведени во Европа.

– Не станува збор за тоа дека ние не сакаме некој друг да добие вакцини, туку за компаниите со кои имаме потпишано договори да ги исполнат своите обврски кон нас. Јасно е дека на сите им се потребни вакцини, но исто така е јасно дека ЕУ вложи многу пари за да обезбеди дека ќе ги добие потребните дози и тоа не во кое било време, туку што е можно побрзо, изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.

Од ЕК велат дека и по вчерашните две средби со претставници на „АстраЗенека“’, тие сè уште чекаат „јасни и целосни информации” за испорака на вакцините.

– Нема да се предадеме, сè додека не добиеме одговори и вакцини, вели Мамер.

За утре е најавен нов состанок на претставници на ЕК, земјите членки на ЕУ и „АстраЗенека“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот