ФОТО | „Фламинго чекај ме, доаѓам“: Ноне Неделковска ужива на Курасао, а деколтето ѝ е посебна приказна
Курасао е остров во јужниот дел на Карипското Море, во близина на венецуелскиот брег. Заедно со малиот ненаселен остров Мал Курасао, ја сочинуваат Земјата Курасао која е уставна држава во рамките на Кралството Холандија. Токму во овие убавини овие денови ужива пејачката Ноне Неделковска, кој на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии и видеа како плива со желка.
Препорачано
– Пливав со желки денес. Во ред, тоа беше само една желка, но еј, сепак се брои! Следно: фламинго – доаѓам по тебе! – напиша Ноне под објавата на Инстаграм.
Покрај желките, посебно внимание привлече и фотографијата на која во преден план е нејзиното бујно деколте, кое не остана незабележано.
View this post on Instagram
Инаку, Ноне Неделковска го освои срцето на македонската јавност уште при нејзиното појавување на шоуто за нови музички таленти „Идол“. Иако со години не е активна на музички план, таа постојано е актуелна на социјалните мрежи.
За неа животот е патување, бидејќи работи на брод кој постојано плови на егзотични дестинации. Ноне со години „го шета светот“ ги спознава сите убавини и буквално сѐ ѝ е на дланка, а има можност да запознае и нови луѓе од најразлични култури.


