Фјури го нокаутираше Вајлдер за титулата светски шампион (ВИДЕО)

фото: твитер

Голема борба уште од самиот старт на мечот во тешка категорија, Вајлдер водеше рамноправна битка до седмата рунда, но повеќе од тоа не можеше.

Британскиот боксер Тајсон Фјури ја освои титулата светски шампион во ВБЦ верзијата, откако со технички нокаут во седмата рунда во Лос Анџелес го совлада досегашниот шампион, Американецот Дионтеј Вајлдер.

Голема борба уште од самиот старт на мечот во тешка категорија, Вајлдер водеше рамноправна битка до седмата рунда, но повеќе од тоа не можеше.


Не можеше да стои на нозе, ниту да му даде отпор на новиот шампион Фјури, па веднаш судијата го прекина мечот и на тој начин Вајлдер го претрпе првиот пораз во професионалната кариера.

– Вајлдер е голем борец и војник. Ќе биде тој повторно шампион, но морам да кажам – „Кралот се врати на тронот“ – рече Фјури после завршувањето на борбата.

Сега Фјури е сопственик на ВБЦ појасот, додека појасите во ВБА, ИБФ и ВБО ги има неговиот сонародник Ентони Џошуа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот