Фјури потежок дури 20 килограми од Вајлдер пред бокс мечот на годината (ВИДЕО)

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Организаторите разочарани што немаше соочување помеѓу двајцата боксери.

Деонтеј Вајлдер и Тајсон Фјури ги завршија сите свои обврски пред бокс мечот на годината, се одржа мерењето на двајцата боксери, но изостана вообичаеното соочување бидејќи атлетската комисија на Невада го забрани тоа.

Светскиот првак во ВБЦ верзијата во супертешка категорија, Деонтеј Вајлдер имаше 104.8 килограми, додека Фјури беше потежок дури 19 килограми, односно на ден пред борбата имаше 123.8 килограми.


На првиот меч помеѓу двајцата боксери кој се одржа во 2018 година и заврши без победник, Вајлдер имаше 93.3 килограми, додека Фјури тежеше 116.2 килограми.

Мерењето на боксерите помина во далеку поинаква атмосфера од вообичаената, поради инцидентот на официјалната прес конференција кога малку фалеше мечот да започне многу порано, сега изостана вообичаеното соочување помеѓу боксерите.
– Во 25 години колку што сум во боксот, никогаш не сум видел едно административно тело да излезе и да забрани соочување лице во лице. Тоа е многу важен момент од пред мечот. Шокиран сум – изјави Тод де Беф, претседател на Топ Ранк, промотерот на Тајсон Фјури.

Во 43 професионални борби, Вајлдер има 42 победи, а Фјури има 29 победи и едно реми во 30 борби.
Стартот на долгоочекуваниот боксерски меч е закажан за 5.30 часот по средноевропско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот