Филмски карантин за овој четврток: 10-те најдобри улоги на фантастичната Мерил Стрип (ВИДЕО)

инстаграм

Многумина ја сметаат за најдобрата актерка на нашето време, а многумина велат и дека е најдобрата актерка на сите времиња, иако Мерил Стрип е многу скромна и со таа изјава на се согласува, па вели дека тоа е прилично невозможно, бидејќи мораме да го земеме во предвид постоењето на големата Кетрин Хепберн, за која смета дека тешко е да се надмине.

Вистина, Кетрин Хепберн е тешко да се надмине, токму како и Софија Лорен и Вивиен Леиг, кои Мерил Стрип ги смета за свои филмски икони вредни за восхит.

Сепак кога ќе се земе во предвид дека оваа неверојатно талентирана жена беше номинирана дури 21 пат за Оскар, од кои освои три, како и 31 пат за Златен глобус, од кои освои осум – можеме сосема нескромно да потврдиме дека Мерил Стрип е една од најдобрите актерки на сите времиња и секако најдобрата актерка на нашето време.

Ви нудиме десет маестрални улоги на оваа фантастична актерка за вашиот филмски карантин овој четврток. Било кој филм да го изберете, нема да погрешите…

1. Kramer vs. Kramer

2. Heartburn

3. Silkwood

4. Sophie’s Choice

5. The Bridges of Madison County

6. Out of Africa

7. Doubt

8. August: Osage County

9. The French Lieutenant’s Woman

10. The Post

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот