Филмовите повеќе нема да бидат исти: Ништо од љубовните сцени поради пандемијата на коронавирусот

профимедиа

Филмските сетови низ светот се затворени поради пандемијата на коронавирусот. Со оглед на тоа дека започна попуштањето на мерките, актерите наскоро би можеле да се вратат на снимањето, но со низа нови правила, особено оние кои се однесуваат на физичката дистанца.

Многумина се прашуваат како ќе изгледаат секс сцените и дали ќе ги има воопшто. Едно е сигурно, тие нема да бидат изведувани на два метри одалеченост.

Токму бакнежот или сексот се она што повеќето го исчекуваат кога гледаат два лика кои се борат еден за друг.

Легендарната сцена меѓу Рејчел Мек Адамс и Рајан Гослинг во филмот „Notebook“ кога ќе им се препуштат на страстите на дождот, да се снимаше во ова време, не би можела да изгледа така.

Актуелна е и приказната за серијата „Normal People“ во која во 12-та епизода се прикажани сцени од 41 минута секс. Доколку снимањето се случило неколку месеци подоцна, односно во време на пандемијата, кој знае со што би ги пополниле тие 41 мината.

Што доколку филмската индустрија на некое време во целост одлучи да ги исфрли интимните сцени? Како ќе се менуваат гледачите и нивниот поглед на љубовта и интимните односи доколку бидат приморани да гледаат актери кои се обидуваат да внесат излузија за интимноста, а всушност да не се допрат. Дали луѓето ќе почнат да ја прифаќаат прегратката еднакво како и квалитетната сцена полна љубов? На сите овие прашања наскоро ќе пристигне одговор преку новоснимените филмови во нови, пандемиски услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот