Ферстапен најбрз пред домашните фанови во Зандворт

Макс Ферстапен победи пред домашните фанови/фото: EPA-EFE/SEM VAN DER WAL

Актуелниот шампион, Макс Ферстапен победи на домашната патека Зандворт на трката за Големата награда на Холандија и направи нов исчекор кон освојувањето на нова титула.

Ферстапен победи пред возачот на Мерцедес, Џорџ Расел и Шарл Леклер од Ферари. Ова беше 10 победа за Холанѓанецот во 15 трка сезонава и ссе зацврсти на првото место во генералниот пласман со 310 бода, 109 повеќе од Леклер и Перес.

Ферстапен до новиот триум дојде благодарение на вистинските одлуки на неговиот тим. Возачот

Самиот старт на трката најави возбудлива трка на патеката Зандворт, Ферстапен успеа да ја одбрани лидерската позиција од Леклер, додека Карлос Саинс се судри со Луис Хамилтон, а нивниот контакт помина без проблеми и оштетувања на болидите.

Следното возбдување беше кога Ландо Норис го претекна Расел, додека Кевин Магнусен ја загуби контролата врз болидот и излета од патеката. Потоа Расел успеа да ја врати позицијата од Магнусен, додека Ферстапен на лидерската позиција ја зголемуваше предноста пред СаниЛеклер и возачите на Мерцедес.

Во тимот на Ферари повторно направија катастрофална грешка, овој пат ги заборавија пневматиците додека го повикаа Саинс да влезе во пит стоп.

До крајот на трката, Ферстапен успеа да го задржи првото место, Расел второто, додека одлуката на Хамилтон да остане на старите пневматици го чинеше губење на место на подиумот бидејќи беше претекнат од Леклер.

Следната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози наредниот викенд за Големата награда на Италија на легендарната патека „Монца“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот