ФДА предупредува на различни видови на рак поврзани со имплантите на гради

Фото Pixabay

Најновите извештаи покажуваат дека имплантите во градите може да предизвикаат ретки видови на рак.

Силиконите денес се „распространети“ низ целиот свет. Секоја втора девојка/жена ги има, станаа најнормален естетски зафат, иако порано претставуваа табу тема. Сепак, собрани се многу извештаи ширум светот, кои носат информации за штетното влијание на силиконските импланти врз здравјето на луѓето.

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) објави јавно предупредување дека ретки видови на рак се поврзани со операциите на имплантации на дојките. Во нејзиниот извештај се наведува дека се работи за карцином на лушпести (плочести) клетки на епителот, кој е утврден во ткивото што се формира околу имплантот во градите.

Иако појавата на овој рак е ретка, здравствените работници и луѓето кои сакаат да се подложат на оваа операција, треба да бидат свесни за ризиците, како и задолжително да ги пријават сите случаи на рак кои се појавуваат околу имплантот.

Исто така, се напоменува дека луѓето со импланти во градите не мора да ја менуваат својата рутинска медицинска нега или да брзаат да ги отстранат поради ова откритие, но тие би требало да бидат свесни за некои од пријавените знаци и симптоми, кои вклучуваат оток, болка, грутки или промени на кожата.

ФДА ажурирала неколку прописи за имплантација на гради, вклучително и новото означување со предупредување на кутијата и контролната листа на пациентите која ги информира заинтересираните дека имплантите не се медицинско помагало кое ќе трае доживотно. Од лекарите сега, исто така, се бара да ги спроведат пациентите низ сите потенцијални здравствени проблеми што произлегуваат од операциите на имплантација на дојките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот