ФОТО+ВИДЕО | Евровизија слави 70 години јубилеј: Најавена е спектакуларна турнеја по завршувањето на финалето
Натпреварувањето за „Песна на Евровизија“ ќе ја одбележи 70-годишнината со голема турнеја во живо, која ќе започне веднаш по завршувањето на финалето оваа година. Според соопштението на Европската радиодифузна унија (EBU), публиката може да очекува шоу кое ќе ги собере некои од најпознатите изведувачи од седумдецениската историја на натпреварот, пренесува „Би-би-си“.
Препорачано
Организаторите велат дека по повод овој значаен јубилеј сакаат да понудат уникатно и посебно искуство. Директорот на натпреварот, Мартин Грин, истакна дека турнејата ќе го прикаже развојот на Евровизија низ годините.
„Прв пат ја носиме магијата на „Песна на Евровизија“ во живо директно кај обожавателите и нивните пријатели и семејства ширум Европа“, рече Грин.

Од Европската радиодифузна унија истакнуваат дека турнејата е наменета и за оние фанови кои не успеале да обезбедат билети за самото натпреварување, да им понуди шанса да доживеат дел од спектаклот и духот на Евровизија во концертна форма. Турнејата започнува на 15 јуни во O2 арената во Лондон, а продолжува со концерти во Хамбург, Милано, Цирих, Антверпен, Келн, Копенхаген, Амстердам, Париз и Стокхолм.
Сè уште не е познато кои уметници ќе настапат, но е потврдено дека меѓу нив ќе бидат и учесници од овогодишното финале. Конечната листа ќе биде објавена по завршувањето на финалето, а се очекува да бидат избрани натпреварувачи со висок пласман или посебно забележителен настап.
Најавата на турнејата доаѓа во период на зголемени тензии околу натпреварот, особено во врска со учеството на Израел. Исто така, Ирска, Шпанија, Холандија, Словенија и Исланд објавија дека оваа година нема да учествуваат.
Покрај тоа, Томас Нојвирт, познат како Кончита Вурст и победник на Евровизија 2014, најави дека се повлекува од својата досегашна поврзаност со натпреварот, посветувајќи се на други професионални проекти и отворајќи простор за нови идеи.
Фаворит пред стартот? Евровизија не е ни блиску, а Израел е веќе прв на обложувалниците


