Европската Унија одобри 180 милиони евра за финансиска помош за Албанија

Европска унија /Фото: Миа

Амбасадорот на Европската Унија (ЕУ) во Тирана, Луиџи Сореца во објава на Фејсбук сподели дека е е одобрена финансиска помош за Албанија од 180 милиони евра за борба против Ковид-19.

Сореца појасни дека средствата треба да придонесат и за зајакнување на јавните финансии, за зголемување на социјалната заштита и борба против корупцијата.

– Владата на Албанија ќе добие финансиска помош од 180 милиони евра од Европската Унија, како дел од поддршката во борбата против Ковид-19. Овие средства ќе треба придонесат и за зајакнување на јавните финансии, за зголемување на социјалната заштита и за борба против корупцијата, напиша Сореца на Фејсбук.

Во табелата што ја објави ТВ „Топ Ченл“, за Северна Македонија се одобрени 160 милиони евра, за Косово 100 милиони евра, за Црна Гора 60 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот