Еве што да направи ЖЕНАТА кога нејзиниот МАЖ ќе ја НАПУШТИ!

профимедиа

Доколку мажот се одлучи да ја напушти жената и бракот, да се заврти и да си замине, што треба да направи оставената жена? Како да го преживее овој турбулентен, тежок и болен период?

Фактот дека си напуштена, оставена, знае да биде тешко и депресивно искуство. Во жената тогаш се буди анксиозноста како пожар. Таа е подготвена буквално да излезе од својата кожа за на себе и на светот да му докаже дека вреди, дека е значајна, една и единствена во очите на својот партнер. А тој кога ќе замине, не гледа ништо, па затоа беспотребно се докажуваш. Тој не гледа бидејќи не сака да гледа.

Ако некогаш се врати, дали ќе ти биде потребен?

Илјада пати го земаш телефонот. Го вртиш неговиот број, но не повикуваш… Го фрлаш телефонот, земаш пенкало: ќе му напишеш долго писмо, како некогаш…. А сето тоа од желба да ти се врати, да се предомисли…

Жената не може да издржи. Нејзиниот копнеж мора да излезе некаде. Затоа го повикува, му испраќа праки, ги проверува неговите социјални мрежи, го крши срцето и душата.

Мажите е лесно да ги вратите. Често се предомислуваат, или колебаат па се враќаат, но дали навистина сакаш таков маж да ти се врати?

Дали сакаш да се прашуваш постојано каде е секој пат кога ќе влезеш во домот, а него го нема таму?

Кога ненадејно ќе те остави мажот, еве што ќе направиш:

Не му се јавувај! Не му испраќај пораки! Не прегледувај мејлови, исклучи ги социјалните мрежи – така само го храниш неговото его. Главна работа е да сфатиш дека главните проблеми постојат само во главата. Дека сами себе се оптеретуваме со прашањето: Што ако…?

Што ако цел живот останам сама? Што ако никој нов не се појави? Што ако…

Доколку престанеш да мислиш на она „што ако?“ нервозата ќе ти се намали, животот постепено ќе дојде на своето, ќе се појават нови интереси, нови луѓе кои ќе ти ја вратат радоста и мирот. Потребно е време, дај му време на времето!

Кога мажот ќе те остави, соземи се, дај му на срцето да тагува но не се дави во болка, не ги сокривај емоциите. Исплачи се гласно! Не размислувај што ќе кажат пријателите, семејството, и онака кажуваат многу работи кои не се вистинити. Мисли што ќе кажеш ти за тебе. Многу е тешко, навистина, особено доколку во бракот постојат и деца. Побарај помош од семејството, пријателите, разговарај отворено, но не жали за себе. Радувај се, бидејќи можеби токму тоа требало да се случи, „за да те огрее сонце“. Оди на фризер, на масажа, излези со пријателите, флертувај со некој непознат, трчај, биди во присуство на животни, на деца, тие се среќа и радост. Црпи ја енергијата од природата. И запомни, не треба да мечтаеш да го враќаш назад, тој е како книга, без оглед колку пати читаш една книга, крајот секогаш е ИСТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот